Штајнмаер пред доаѓањето во Скопје: С. Македонија направи одлучувачки чекор напред

од Nikola Popovski

Пред посетата на Северна Македонија и Албанија, германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во интервју за ДВ зборувал за Западен Балкан и процесот на евроинтеграција.

-Не знам дали ќе го забрзаа, но моето одење таму исто така има значење да сигнализира дека Западен Балкан во никој случај не е заборавен. И јас разбирам одредена нетрпеливост, но како и многу други, ќе потврдам дека Западен Балкан во никој случај не е заборавен. Патувањето во двете земји, Северна Македонија и Албанија, служи и како порака до целиот регион. Доколку се постигне соодветен напредок во земјите, тогаш патот кон членство во Европската Унија ќе стане појасен, изјавил Штајнамер.

На прашањето дали е реално 2030 да биде годината за влез во ЕУ на дел од земјите од Западен Балкан, германскиот претседател појаснил дека е „претседател, а не пророк“ и потенцира дека тоа зависи од домашната подготвеност за реформи и од подготвеноста за спроведување на реформите.

-И денес можеме поинаку да дебатираме во земјите од Западен Балкан, бидејќи, на пример, Северна Македонија и Албанија направија одлучувачки чекори напред. Тоа ја зајакнува самодовербата во тие земји и им дава до знаење на другите во регионот на Западен Балкан дека овој чекор се исплати, изјавил меѓу другото Штајнмаер во интервјуто.

Тој ја поздравил и солидарноста што Македонија и Албанија ја покажале кон Украина за време на руската агресија.

-Земјите како Северна Македонија и Албанија ги исполнуваат своите обврски во рамките на НАТО, порачал Штајнмаер.

Слични содржини