Штериев: Инвеститорите не предвидоа дека ќе дојде до војна во Украина

од Nikola Popovski

Тоа што ги затекна инвеститорите на светските и македонска берза се неекономските фактори, односно војната во Украина. Историски гледано инвеститорите во минатото ретко предвидувале дека ќе дојде до воени конфликти. Веројатно е причина затоа што инвеститорите се рационални луѓе и не веруваат дека некој ќе тригерира вакви конфликти. Ги затекна сите, вели извршниот директор на Македонска берза, Иван Штериев.

Според него, тргувањето на берзите и глобално и регионално, но и локално оваа година се одвива во доста комплексни и сензитивни околности, со специфично опкружување.

-Во регионов падот на нашата берза е некаде минус 5 проценти, во Бугарија, Хрватска, Словенија со минус 6, минус 7, минус 11. Значи сите берзи реагираа на неекономски фактор – воен конфликт, кој е најтешко предвидлив што ќе се случува, а тргувањето со акции е фактички денешна проценка на инвеститорите каков „кеш флоу“ ќе имаат компаниите во иднина. Во вакви услови е нормално инвеститорите секаде и во странство и кај нас да бидат попретпазливи, некои од нив да продаваат иако не планирале да продаваат итн, рече Штериев.

Помалиот пад на Македонската берза, како што кажа, се должи на фактот што кај помалите берзи е вообичаено постоење на т.н. статички ценовни лимити.

-Кај нас цените на ниво на ден не можат да флуктуираат повеќе од плус/минус 10 проценти. Кај поголемите берзи такви ограничувања нема, па можете да видите и на берзи и во Америка, во Германија дневни падови минус 15, минус 20. Кај нас е тоа лимитирано на плус/минус 10, објасни директорот на Македонска берза.

Слични содржини