Штетите од поплавите во Германија достигнаа 26 милијарди евра

од Stefanija Kuzmanovska

Штетата предизвикана од катастрофалните поплави во јули во Германија најверојатно ќе достигне 26 милијарди евра, изјави кандидатот на конзервативната партија Армин Лашет.

„Според првичните проценки, само во сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија, вкупната штета се зголемува на повеќе од 13 милијарди евра“, рече претседателот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) и премиер на провинцијата, која беше погодена од невидени поплави.

Катастрофалните поплави што ја погодија западна Германија на 14 и 15 јули однесоа најмалку 190 животи.

Во Северна Рајна-Вестфалија, повеќе од 150 училишта и 200 градинки, бројни лекарски ординации и 50 аптеки беа оштетени, рече Лашет, опишувајќи го степенот на најлошата природна катастрофа што ја погодила државата од основањето на федералната Западна Германија по Втората светска војна.

Слични содржини