Штетите од урагани и поплави годинава изнесуваат 140 милијарди долари

од Aleksandar Petrovski

Околу 140 милијарди долари изнесуваат штетите од природните катастрофи  во текот на оваа година, објави осигурителната компанија „Сјуис Ре“ со седиште во Цирих.

Тоа е помалку во споредба со сумата од минатата година, која изнесувала 176 милијарди долари.

Речиси целата сума опфаќа штети од природни непогоди во текот на годината, како што се циклони и поплави, кои предизвикале економски загуби од 133 милијарди американски долари.

Швајцарската компанија, исто така, соопшти дека околу 11.000 луѓе во светот починале или исчезнале во природни катастрофи во 2019 година.

Слични содржини