Штипјанка со нож го избола момчето откако тој физички ја нападнал

од Берта Китинска

На 23.10.2022 во 03.40 часот во Штип од полициски службеници од СВР Штип е приведена А.С.(21) од Штип, затоа што околу 00.10 часот во Штип, по вербална расправија, откако била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер С.Б.(25), со остар предмет го нападнала и го повредила.

Тој бил пренесен за укажување на лекарска помош во Клиничка болница Штип. Во координација со Јавен обвинител, по комплетно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Слични содржини