Штип: Го стопираше сообраќајот и украде бекатон плочки од улица (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Во населбата Сењак, во делот каде населбата од булеварот се поврзува со новиот челичен мост на Брегалница, денеска граѓаните беа сведоци на несекојдневна случка.

На поминување по булеварот слушател на Канал 77 забележал човек, кој ги вади свежо поставените бекатон плочки и си ги става во багажникот на возилото.

Другите возила го одминуваат, но, никој не реагира. Дури во еден момент го закочува сообраќајот, па другите возила мора да подзастанат за да се разминат со тие што доаѓаат од спротивната страна.

Откако го наполни багажникот, човекот влезе во возилото, седна на совозачкото место и си замина. Сепак, регистрацијата на возилото останува забележана на видеото, во очекување на реакција од институциите.

Слични содржини