Штип: Наставниците ќе држат онлајн-настава од училниците

од Nikola Popovski

Наставниот кадар во петте основни и четирите средни училишта во Штип од 1 октомври ќе ја одржуваат наставата онлјан. Ќе доаѓаат на своите работни места и од кабинетите и училниците согласно распоредот на часови ќе ја држат наставата за учениците.

– Ваквиот вид на настава од училниците и кабинетите ќе биде поддржана и со помош од општината, во делот на обезбедување на поквалитетен интернет, изјави денеска заменик градоначалникот на Штип, Јане Миланов.

Тој истакна дека во училиштата ќе се запазат сите здравствени протоколи, кои се дадени од страна на Комисијата за заразни болести и Министерството за образование.

Училиштата треба да достават до општината изјаснување дали имаат просторни можности за физичко присуство на учениците.

Анкетите со родителите се завршени во сите основни училишта.

Слични содржини