пари-2

СВР Штип поднесе три кривични пријави против Н.Н.(42) од Штип поради постоење на основано сомнение дека сторил две кривични  дела „оштетување туѓи права“ и кривично дело „измама„. Имено пријавениот со намера да го спречи остварувањето на правото врз ПМВ „Голф“ кое било во негова сопственост, склучил  Договори за купопродажба на ПМВ на 09.09. и 22.10.2014 година со две лица, но без извршена промена на податоците во сообраќајната дозвола. Потоа повторно на 18.03.2015 година со измамнички дејствија незаконски го оттуѓил ПМВ со Договор за купопродажба на ПМВ на трето лице од Штип кога извршил и промена на податоците за сопственост во сообраќајната дозвола. По склучувањето на договоротпријавениот на 08.06.2015 година со намера за себе да прибави противправна имотна корист отишол во домот на третото оштетеното лице и со лажно прикажување на фактите дека ПМВ му било побарано за услуга да патува со него и истиот ден да му го врати го довел во заблуда оштетениот и на 09.06.2015 година го зел и не го вратил возилото. Со напред наведените дејствија пријавениот се стекнал со противправна имотна корист во износ од 1.340.000 денари со кој износ оштетил три лица од Штип.

Слични содржини