Штипјанка два месеци се обидува да докаже дека е жива за да може да зема пензија

од Andreja Salpe

Штипјанката Драгица Панова два месеци се обидува да докаже дека е жива пред Фондот за ПИОМ. Бизарната приказна на жената, започнува откако починал нејзиниот сопруг на почетокот на оваа година, пренесува ТВ Стар.

„Мојот сопруг почина на 4 јануари, и јас сум заведена како почината на 4 јануари, а по кој основ сум заведена како мртва не знам. Од јануари наваму јас немам добиено пензија. Никој не сака да ми објасни што е проблемот“, изјави Драгица за ТВ Стар.

Од тогаш Драгица оди од врата до врата обидувајќи се да докаже дека е жива и да обезбеди редовен прием на пензијата, но до денеска сите обиди и се неуспешни.

„Во месец март ги исправив документите, и рекоа дека ќе биде. Но отидов да земам пензија и ми рекоа дека нема, истото го рекоа и во април“, вели таа.

Драгица во меѓувреме се снаоѓа на различни начини и чека администрацијата да го среди проблемот.

„Позајмував пари и сега како да ги вратам? Кажете ми што да правам јас без пензија? Ова што се случува е срамота, од жив да те направат умрен и да те остават без денар. Пополнив потврда за живот, рекоа ќе се среди. Кога ќе се среди?“, прашува Драгица.

Слични содржини