Што беше најпопуларно на Твитер во 2020 година?

од Stefanija Kuzmanovska

Бидејќи годината се приближува кон крајот, сега е вистинското време да се рекапитулира претходниот период и да се потсетиме на најважните моменти од 2020 година. Еден од начините на кој можеме да го направиме тоа е со преглед на трендовите на социјалната мрежа Твитер, која неодамна објави што најмногу им се допаѓа на нејзините корисници во претходните. скоро дванаесет месеци.

Како што можеше да се очекува, најпопуларниот хаштаг на оваа платформа во 2020 година беше #COVID19, бидејќи годинава ништо повеќе не им паѓаше на ум на луѓето од пандемијата на коронавирусот, пишува CityMagazine.

По него следи #BlackLivesMatter, што често се гледа на Твитер од крајот на мај, кога започнаа протести и немири во САД во врска со смртта на Џорџ Флојд, Афроамериканец, кој почина при апсење. Третиот најпопуларен хаштаг беше #StayHome, чија порака е јасна: останете дома за да спречите ширење на коронавирус.

Доналд Трамп беше личноста за која најмногу се твиташе во 2020 година. По него, луѓето најмногу го споменуваа Џо Бајден, неговиот противник на неодамна завршените американски избори и очигледно следниот претседател на Соединетите држави. Трет на листата е Џорџ Флојд, а четврти е Коби Брајант, познат кошаркар кој го загуби животот во пад на хеликоптер на почетокот на оваа година. Петтото место го зазема Барак Обама, кој неодамна ги објави своите мемоари.

Кога станува збор за емотикони, оној што покажува солзи радосници е најкористен, додека оној што покажува плачење го зазема второто место. Трет е т.н. „pleading eyes“ емоџи.

Објавата за смртта на Чедвик Боуман на неговиот профил беше споделена најмногу пати на Твитер во 2020 година, дури 3,1 милиони пати. Следува видео објава од профилот на корејската поп-група BTS, која ја споделија 1,6 милиони корисници на оваа социјална мрежа, додека третото место го зазема видеото на корисникот на Твитер Џејми (@gnuman1979), во кое тој покажува како се забавува на шестиот ден од карантин во Соединетите Американски Држави.

Слични содржини