Што чекаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ? Ако одговараат пред граѓаните нека се изјаснат за што се, избoрот е иднина наместо небиднина

од Vlatko K

 

 

Ако одговараат пред граѓаните што чекаат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ? Ајде.  Нека излезат пред граѓаните и нека се изјаснат за што се, порачуваат СДСМ.

Празни фрази од ВМРО-ДПМНЕ со децении наназад граѓаните се изнаслушаа.Десет години зборуваа за рефендум сега немаат став.

Само Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште не се изјасниле за референдумот, се уште не соопштуваат за што се.

За најважното прашање за иднината на државата, за најважното прашање за иднината на граѓаните ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема јасен став.

Македонија нема алтернатива освен членство во НАТО и ЕУ. Ако ВМРО-ДПМНЕ смета дека има друга алтернатива нека ја соопшти јавно.

На 30-ти септември, граѓаните ќе изберат иднина наместо небиднина, ќе изберат членство во НАТО и ЕУ со зачуван и зајакнат идентитет граѓаните.

Граѓаните ќе кажат ДА за македонската иднина, се вели во партиското соопштение.

 

Слични содржини