Што е тоа што го прави производот кредибилен

од Vladimir Zorba

Процесот на развој на нови производ секогаш започнува со потрага по нови идеи кои се базираат на визија, која е во корелација со новите трендови во општеството и развојот на нови технологии. Притоа, за секој нов производ многу е важно да се обезбеди стручност и експертиза, како при развојот на идејата, така и при понудата на производот на пазарот, бидејќи тоа му обезбедува кредибилитет, а со тоа и доверба кај потрошувачите.

Токму со овие начела се водеше најголемата тутунска компанија во светот, Филип Морис Интернешнел (ФМИ), која следејќи ги новите трендови насочени кон сé поголема грижа за јавното здравје, реши да започне со трансформација и да ја релизира сопствената визијата за свет без чад од цигари.

Во научно истражувачкиот центар „Qube“ на ФМИ, отворен во 2009 година, тим од повеќе од 430 научници и истражувачи од различни области и експертиза со години работат на наоѓање алтернативни решенија со помош на технологија, што целосно ќе го промени сегашното сфаќање за пушењето и тутунот. Како резултат на нивниот труд и инвестирани над 7 милијарди долари е создаден електронскиот уред IQOS кој користи софистицирана технологија за загревање на специјално подготвен тутун. Тутунот во цигара гори на температура над 600° C, создавајќи чад кој содржи штетни хемикалии, додека IQOS го загрева тутунот на многу пониска температура до 350° C, создавајќи аеросол што содржи никотин, но без горење, пепел или чад и до 95% пониско ниво на штетни и потенцијално штетни матери. Додека за разлика од електронските цигари кои користат течен никотин, IQOS содржи вистински тутун.

Она што на IQOS како технологија му дава кредибилитет е што зад него стои науката и научната експертиза, односно многу научни студии, како сопствени, така и независни, од кои некои ги спроведоа регулаторите во Германија, Холандија и Јужна Кореја. Сите тие го потврдуваат потенцијалот на овој електронски уред како производ кој е подобра алтернатива од цигарите.

Токму научните докази дека со загревањето на тутунот се ослободува пониско ниво на штетни материи споредено со обичните цигари, беше основа и американската Агенција за храна и лекови (ФДА) единствено на овој електронски уред да му дозволи комерцијализација на американскиот пазар. А неодамна даде и дозвола дека ФМИ може на американскиот пазар да ги информира потрошувачите дека IQOS е производ со модифициран ризик.

Ова всушност значи дека технологијата која не го гори, туку само го загрева тутунот, ја намалува изложеноста на телото на штетни и потенцијално штетни материи. По спроведената независна анализа, Агенцијата потврди дека целосниот премин од цигари на IQOS ја намалува изложеноста на телото на штетни и потенцијално штетни материи.

Оваа дозвола од оваа светски реномирана агенција е воедно и потврда дека IQOS е фундаментално различен од цигарите и дека префрлањето на возрасните пушачи на новата технологија ќе има долгорочни придобивки и за јавното здравје во целина.

Слични содржини