Што го прави Сингапур толку успешен во борбата против коронавирусот?

од Stefanija Kuzmanovska

Во Сингапур, животот се одвива нормално и покрај пандемијата. Авторитарната држава – град во источна Азија презеде мерки навреме: со апели на солидарност и остри казни за кршење на законот. Исто така, помага и борбената музика, пишува „Дојче веле“.

Маските отсекогаш беа дел од градскиот пејзаж

Вчера наутро во Синапур со население од нешто помалку од 6 милиони, потврдени беа 121 инфекција на коронарнавирус. Но клучно е дека скоро исто толку пациенти се излечени и отпуштени од болниците.

Сите заразени лица беа изолирани во многу краток временски период, се идентификуваа контактите на заболените и беа ставени во карантин со помош на системот Contact-Tracing-Management развиен по епидемијата на вирусот САРС пред 17 години.

Ситуацијата во Сингапур е под контрола, објаснува премиерот и градот нема да биде затворен, како што е случај во Кина, Јужна Кореја или Италија.

Животот во оваа метропола се одвива нормално. Децата одат во училишта и градинки, ресторани и продавници се отворени. Луѓето носат респираторни маски, но не повеќе од вообичаеното. Кога некој во Азија има настинка, тие секогаш носат маска на лицето – не за себе, туку за да ги заштитат другите.

„Бидете внимателни, но не испаничени“, гласи мотото на Сингапурците.

Политичарите се откажаа од една плата во корист на борците во првите редови

Како и сите министри и сите заменици, шефот на државата исто така се откажа од едномесечна плата во корист на хероите на фронтот на коронавирусот: медицински сестри, чистачи, таксисти, … Тоа нама да го убие вирусот, но создава солидарност.

Луѓето ѝ веруваат на владата

Сингапур не може да се спореди со другите земји: географската положба на островот овозможува да се контролираат сообраќајните текови и лесно да се затворат границите во вонредни случаи.

Медиумите ги контролира владата – речиси сите известуваат идентично за коронавирусот.

Покрај тоа, Сингапурците се неверојатно послушни на властите. Тоа, се разбира, го олеснува управувањето со кризи: луѓето ѝ веруваат својата влада, веруваат дека постапуваат исправно и ги следат нивните упатства. Тоа е уште една причина зошто „паника“ е непознат збор во Сингапур.

Слични содржини