Што готви убавата Шехерезада?

од desk4

Позната како сопруга на султанот Сулејман од истоимената серија, убавата актерка Бергузар Корел открива со што ќе се занимава во иднина но и детали од среќниот брак со Халит Ергенч

Своите кулинарски способности, комбинирање продукти и вкусови, ги открила уште во детството, додека се обидувала сама да се снајде во кујната.
– Уште како мала мачкав леб со путер и го посипував со зачински билки, па од него правев салата. Така и денес правам, немам никакви мерки, одредувам количини „од око“. Точно знам кога некоја состојка недостига, додека не го добијам вкусот кој го сакам. Секој од нас е навикнат на кујната од мајка му, па ме радуваат коментарите од типот „овие се како колачите од мајка ми“. Јас од нејзе ги презедов рецептите за разни јадења, но нејзините колачи не ги јадев, исто како син ми Али, кој не ги јаде моите колачи, а сите други јадења ги сака. Дури често ги кани другарите на ручек или вечера – вели таа.

Поради тоа актерката реши да отвори свое кафуле, а идејата ја добила пред четири години. Тогаш таа била слободна, додека Халит бил на снимања за серијата “Величествениот“, и на сетот постојано им носела домашни колачи. Така таа сега е подготовена да го отвори своето кафуле каде ќе се служат кафе и домашни колачи, со необично име „Not Just Coffe“.
– Освен кафето и фини колачи на посетителите им нудиме и уживање за очите. Сервисите за послужување се насликани од уметницата Гамзе Јалчин. Генерално во такви кафулиња атмосферата е машка, па сакав овде да се види нежната женска рака. Многу сум среќна, особено кога ги служам гостите.
Бергузар во ова има голема поддршка од сопругот за кој открива дека е исто така умешен готвач и го прави најубавиот сладолед од органско млеко, ванила и свежо овошје.

 

Слични содржини