Што говореше Мицевски кога пратеници на СДСМ во април гласаа во скафендери?

од Vladimir Zorba

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски денеска во скафандер се појави на седницата на Собранието на РСМ, каде на дневен ред е гласање на недоверба на Владата.

Во април годинава, сепак Мицевски беше еден од најгласните за тоа дека пратеници на СДСМ, кои како него денеска беа во скафандери, „го кршат Уставот и законите“.

Тие присуствуваа на 36 седница на која се гласаа законите од Петтиот пакет екононски мерки чие донесување граѓаните го чекаат од март месец. .

„Со две маски сум, сега здравјето и на моето семејство е загрозено“, рече Мицевски тогаш.

Претседателот на Собранието Талат Џафери одговори дека Собранието работи согласно здравствен протокол од надлежна институција.

„Деловникот, правилникот на Собранието или друг документ не може да биде над Уставот и законите и вие со непознаваање на правото правите кривично дело. Кривично дело прави и полицијата која дозволи влез на позитивни на ковид-19 пратеници. Еве јас сум со две маски на лицето зашто тука во парланентот се шетаат болни пратеници, морам да мислам и на моето семејство. Праќате порака до граѓаните дека смее да се крши Уставот и законот. Имавте доволно пратеници за кворум, не требаше да повикувате да присуствуваат и болни пратеници“, му рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на спикерот Џафери заради присутвото на двајца пратеници позитивни на ковид-19.

По извесно време Мицевски повторно побара процедурален збор и рече дека според Устав и закон вработени лица кои се болни во време на епидемија дека не смеат да одат на работа. Нагласи дека пратениците не може да бидат нееднакви со другите вработени лица и порача на Џафери дека ќе се соочи со кривична пријава.

„Еве и како луѓе да се прашаме. Не ви е срам што заради некоја политика го загрозувате општото здравје“, праша Мицевски.

Слични содржини