Што ја прави жената фатална, а нема врска со нејзините облини?

од desk2

Ако е девојката совршено згодна тоа не значи дека е фатална жена. Што ја прави една жена фатална во очите на другите?

Неретко се случува сите мажи да занемат пред присуството на убава жена. Но, ако таа го нема тоа нешто што ја прави интересна, по половина час мажите ќе го изгубат интересот за неа.

Од друга страна, британско истражување покажува дека фатална девојка е онаа која ги привлекува мажите со нејзината харизма, однесување, самодоверба и сигурност. Таа не привлекува внимание со откриено деколте и истакнати облини, туку со нејзиното однесување. Мажите сакаат интелигентни жени со добра смисла за хумор, велат експертите.

Смислата за хумор на жената привлекува мажи, бидејќи денешното време е преполно со стрес, а мажите копнеат за опуштање и смеење. Покрај тоа, мажите се многу компетитивни па целиот живот се трудат да бидат најдобри и најпаметни, за нив нема ништо поубаво од тоа кога можат добро да се насмеат, пошегуваат и забавуваат.

Значи, добрата смисла за хумор е најсилната одлика на фаталната жена и скоро секој маж експресно ќе го привлече со оваа карактеристика.

Слични содржини