Што кажа Роналдо за Сити пред неколку години: Не е се во парите, попрво би отишол во Катар! (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Кристијано Роналдо е на чекор до преселба во Манчестер Сити, што може да предизвика многу лавини на црвената страна на овој град.

Познато е дека Португалецот остави голема трага играјќи за „црвените ѓаволи“ од 2003 до 2009 година. Тој сега е пред враќање во Премиер лигата, но во тим за кој еднаш рече дека никогаш нема да игра.

Пред неколку години, во едно интервју, го прашаа дали некогаш би ги зајакнал „граѓаните“ ако пристигне понуда.

– Дали мислите дека парите ќе ме сменат? Сега на 30 години? Нема шанси, тоа нема да биде проблем. Ако зборуваме за пари, одам во Катар – тие имаат повеќе пари од Манчестер Сити – изјави Роналдо пред шест години.

Тој тогаш повтори дека не е се во парите.

– Не се работи за пари, туку за страста за фудбалот – посочи еден од најдобрите светски фудбалери, кој очигледно сега ќе мора да го прекрши својот збор.

Да потсетиме, Кристијано Роналдо е незадоволен од Јувентус, изрази желба да ја напушти „старата дама“ и очигледно е дека Сити е единствениот што може да си го дозволи Португалецот.

Слични содржини