Актуелно
Почетна / Сцена / Што ќе направи тој? Северина му нуди на Милан голема сума пари за старателството

Што ќе направи тој? Северина му нуди на Милан голема сума пари за старателството

Северина Којиќ се одлучила на драстичен чекор со цел да го врати старателството над синот Александар и да заврши судскиот спор помеѓу поранешните сопружници.

Таа преку адвокатите, откако чула дека Поповиќ се жалел како на неа имал потрошено еден милион евра, му ја понудила истата сума за да се согласи детето пак да живее кај неа. Исто така, ветила дека ќе може да го гледа синот едно попладне неделно и секој втор викенд, дознаваат хрватските медиуми.

Оваа идеја не ја поддржал нејзиниот сегашен сопруг Игор, кој се обидел да ја вразуми, но пејачката во тој момент била буквално на раб на нервен слом и сакала да му ги врати парите кои Поповиќ јавно тврди дека ги потрошил за неа додека биле во врска.

Засега, Поповиќ уште нема одговорено на ова барање. Наводно, тој секој месец додека биле во врска ѝ префрлал на Северина по 50.000 евра на сметката, а ги плаќал и сметките за телефон и режиските трошоци, како и бендот и танчерите кои иако не настапуваат секој ден, примаат месечна плата. Исто така, тврди дека тој ѝ ги купил песните „Италијана“ и „Добродошао у клуб“, а платил и снимање на неколку спотови.

Северина, како што тврдат изворите на хрватските медиуми, е подготвена да ги врати сите тие пари наеднаш, само доколку тоа го намири Поповиќ и ѝ го врати детето.

loading...