Што ќе претстави Microsoft на 21-ви август?

од desk4

Microsoft има намера да ги изненади своите корисници со премиерата на неколку нови производи на претстојните „Gamescom“. Гејмерскиот настан ќе се одржи во Германија помеѓу 21 и 25 август. Компанијата чува тајни детали за своите планови досега, но со сигурност нема да претставува наследник на Xbox One. Наместо тоа, Microsoft ќе се фокусираат на гејмерски додатоци и претстојните наслови, кои ќе бидат достапни за сегашните верзии на конзолата.

Според непотврдени информации, на овој датум ќе видиме нов контролер за конзоли, кој ќе се вика Xbox Elite, информира „TechCrunch“. Податоците откриваат дека овој додаток ќе вклучува опција за полнење преку USB Type-C порт и исто така ќе биде компатибилен со Windows 10. Се очекува уште Microsoft да го промени неговиот дизајн што ќе им олесни уште повеќе на корисниците во навигацијата и користење на копчињата, додека се забавувате со вашите омилени игри.

Ако се оди по план, Xbox Elite ќе се продава до крајот на септември. Ве потсетуваме дека компанијата ќе ја одржи својата конференција на Gamescom уште на првиот ден од настанот. Ова значи дека на 21 август ќе дознаеме кои изненадувања нè очекуваат од Microsoft. Некои аналитичари сметаат дека тогаш ќе видиме евтина верзија на Xbox One S, која ќе се продава по прифатлива цена, но оваа информација засега не е потврдена официјално.

Слични содржини