Што ќе се случи доколку нема јасен победник на претседателските избори во САД?

од Nikola Popovski

Останаа помалку од две недели од претседателските избори во САД, а политиколозите и експертите за изборно право разгледуваат различни сценарија со кои нацијата може да се соочи на денот на изборите и во следните недели.

Можностите се различни – од јасна победа или за претседателот Доналд Трамп или за поранешниот потпретседател Џо Бајден, до нерешена правна битка што може да го остави неизвесен резултатот до јануари, кога новиот Конгрес треба да го потврди конечниот резултат на изборите, пишува „Гласот на Америка“.

Експертите велат дека одлуката на победникот на овие избори е особено неизвесна заради незабележаното ниво на гласање по пошта, поради пандемијата на коронавирус. Различни закони во одделни држави за тоа кога и како се бројат гласовите по пошта значат дека конечните резултати во тие држави би можеле да бидат познати со денови, па дури и недели по изборите.

Постои и „кошмарно сценарио“, вели политикологот Вилијам Холстон од непрофитабилниот институт Брукингс. Тој пишува дека блиските избори со спорен исход можат „да ја фрлат целата земја во хаос, во крајно негативни околности“.

Претседателот Трамп повеќе пати ја споменува можноста масовното гласање по пошта да доведе до неточен резултат на изборите и повеќепати одбивал однапред да се посвети на мирен трансфер на власта во случај да изгуби. Бајден вели дека ќе ги прифати изборните резултати, под услов гласовите да бидат изброени правично.

Со оглед на потенцијалната нестабилност што може да биде предизвикана од спорните избори, најдобро сценарио е резултатот од изборната ноќ да биде познат, или скоро сигурен, што е во сферата на можното. Сепак, имајќи ја предвид природата на американскиот изборен систем, многу различни резултати остануваат отворени.

Комплексен процес

Демократскиот кандидат Бајден во моментов има предност од околу 9 или 10 поени во националните анкети, но претседателот не е избран врз основа на директни гласови. Победникот на американските претседателски избори се решава преку комплексен систем во два чекора, каде што по гласањето на државно ниво, следува уште едно гласање, во тело наречено Изборен колеџ. Одделни држави имаат одреден број „електори“, засновани на бројот на жители, а електорите го поддржуваат победникот на директното гласање, кое се објавува по пребројувањето на сите гласови. (Во две држави, Мејн и Небраска, можно е кандидатите да ги поделат електорските гласови).

Анкетите во одделни држави покажуваат дека, иако заостанува на национално ниво, Трамп може да биде реизбран, дури и ако не освои мнозинство директни гласови на американските граѓани, како што беше случај во 2016 година, со освојување на мнозинството во Изборниот колеџ.

Изборниот колеџ се состанува на 14 декември за да гласа за тоа кој ќе биде следниот претседател на Америка. Кандидатот мора да освои 270 гласа од вкупно 538 за да прогласи победа. Гласовите формално се бројат на заедничката седница на Претставничкиот дом и Сенатот на 6 јануари.

Додека има многу држави на кои им требаат денови или недели за да ги процесираат сите гласови, се очекува неколку држави кои се клучни за резултатот од гласањето да ги објават конечните или скоро крајните резултати на изборната вечер или рано утрото следниот ден.

Меѓу нив е и главната Флорида – земјата во која Трамп победи во 2016 година и каде тој и Бајден сега се во тесна трка. Победата на Бајден може да му донесе 29 изборни гласови и да го затвори скоро сите патишта на Трамп до победата. Северна Каролина со 15 гласачки гласови и Аризона со 11 гласа се исто така значајни за повеќето сценарија под кои претседателот Трамп може да победи – и тие би можеле рано да објават кој победил.

„Има причина да се верува дека овие држави може да имаат скоро целосен број на изброени гласови доцна во изборната ноќ или до следното утро“, изјавил Ричард Х. Пилдиз, експерт за изборно право и професор по уставно право на Универзитетот во Њујорк.

„Ако, на пример, знаеме дека претседателот Трамп ја изгубил Флорида, дури и ако не се избројат гласовите во Мичиген, Пенсилванија и Висконсин, ќе имаме причина да веруваме дека Бајден ќе биде победник на изборите“.

Мичиген има 16 електорски гласови, Пенсилванија 20 и Висконсин 10.

Пилдиз додава дека ако трката во Флорида е толку тесна, при што победникот нема да се објави во изборната вечер, а другите земји што рано ги објавуваат своите резултати се поделени меѓу двајцата кандидати, работите може брзо да станат контроверзни.

Нерешен резултат во Изборниот колеџ

Исто така е можно, иако малку веројатно, да нема победник на претседателските избори дури и по пребројувањето на изборните гласови. Доколку и двајцата кандидати завршат со 269 гласа, одлуката за победникот станува должност на Претставничкиот дом. Сепак, наместо гласање на кое гласаат сите 435 членови поединечно, делегациите на секоја држава гласа како целина, што значи дека доминантната партија во секоја држава ќе ги контролира своите гласови.

Доколку се случи таков резултат, околу 600.000 жители на Вајоминг ќе имаа исто влијание врз резултатот на изборите како 40 милиони жители на Калифорнија.

И, конечно, друга компликација во целиот систем е можноста некои од електорите испратени да гласаат за претседател на 14 декември да се покажат како „неверни“. Во претходните години, во мал број случаи, електорите кои ветиле дека ќе гласаат за одреден кандидат на Изборниот колеџ гласале за друг кандидат.

Неколку држави донесоа закони со кои се обврзуваа електорите да гласаат како што ветиле, а Врховниот суд пресуди дека ваквите ограничувања се легални. Сè уште е можно „неверните електори“ да се обидат да влијаат на изборите, но експертите посочуваат дека за тоа е потребен исклучително близок резултат на изборите и степен на координација меѓу гласачите што е малку веројатно.

Важно е да се нагласи дека, иако се можни толку различни сценарија, тешко дека повеќето од нив ќе се остварат.

Професорот Пилдез од Универзитетот во Њујорк нагласува дека, дури и ако не се избројат сите гласови на изборната вечер, тогаш ќе биде сосема јасно кој ќе биде победник на крајот.

„Дури и во државите кои не можат да го завршат пребројувањето, одделни окрузи во тие држави, најверојатно, ќе направат свои пребројувања“, изјавил Пилдиз и заклучил:

„Медиумите ќе можат да споредат како Трамп стои во тие области во 2020 година со неговите резултати од 2016 година. Доколку тој систематски постигне многу послаб или многу подобар резултат во однос на тоа, таквите информации ќе бидат исклучително корисни и ќе можат јасно да посочат во која насока доаѓаат избори, и ако победникот не биде официјално прогласен … Мислам дека такво сценарио е веројатно“.

Слични содржини