Што ќе се случи со кучињата на кралицата по нејзината смрт?

од Stefanija Kuzmanovska

Кралицата Елизабета по нејзината смрт остави две кучиња корги, а сега се знае и кај кого ќе одат овие слатки кучиња.

За време на нејзиниот живот, кралицата имала повеќе од 30 миленичиња, од кои последните две ги добила за утеха по смртта на нејзиниот сопруг Филип минатата година.

Муик и Сенди останаа без нивната сопственичка пред неколку дена, а двете кучиња по смртта на кралицата му припаднаа на нејзиниот трет син, принцот Ендру.

Меѓу блиските е познато дека Ендру и неговата сопруга Сара Фергусон веќе неколку месеци ги шетаат кучињата.

Во почетокот имаше две кучиња, Муик и Фергус. Но Фергус почина по само пет месеци, а Сенди го зазеде неговото место. Муик го добил името по езерото Муик на имотот Балморал каде кралицата неодамна почина, а вториот Фергус го добил името по вујкото на кралицата кој загинал во Првата светска војна.

Слични содржини