Што мажите прво забележуваат на жените?

од desk2

 

Нема припадничка на понежниот пол што на првиот состанок не се прашува за што тој размислува, или што прво забележал кај неа. Според новото истражување , мажите прво забележуваат убава коса и кожа кај жена.

Забележуваат колку девојката ја негува својата кожа, но и грбот. А тоа во главно е во спротивност со општоприфатеното мислење дека мажите прво гледаат други делови од телото.

Еве ги првите работи што тој ги забележува кај вас:

Коса
Мирисна, свежа коса која паѓа околу вашето лице го привлекува погледот на мажот и ја буди желбата да ја допрат и да ја почувствуваат мекоста.

Кожа

Мазна, мека и мирисна кожа е вистински повик за бакнежи и допири.

Рамена

Освен што се ерогена зона, женскиот врат и рамената се неодоливи за мажите.

Грбот
Таканаречената S линија многумина мажи ги привлекува повеќе од женското деколте, особено кога суптилно е нагласена со соодветна облека.

Слични содржини