Холестеролот е често набедуван како главен непријател на кардиоваскуларниот систем. На луѓето им се препорачува да јадат храна која го намалува холестеролот, но се чини дека тоа не е најдобриот совет.3bbed31b512cefb7295d7e9901201c80

Холестеролот е важен за организмот. Тој учествува во бројни процеси на клеточно ниво и прекумерното намалување може да има дури спротивен ефект. Со други зборови, ниските нивоа на холестерол можат да доведат до сериозни проблеми.

Што не знаеме за холестеролот?

Холестеролот има големо значење за здравјето
Профилаксата на атеросклероза на крвните садови не го исклучува холестеролот. Тој всушност помага на клетките да се регенерираат и да функционираат нормално. Дури и нашето сопствено тело произведува холестерол, а сè што е произведено од него има значење, додека е во границите.

Не треба да се смета дека холестеролот во целина предизвикува болести
Неслучајно лекарите го делат холестеролот на лош и добар. Ова сепак не значи дека не треба да имаме во организмот лош холестерол. Тој исто така е потребен на телото.
Сè е во количината. За да управувате најдобро холестеролот, треба редовно да се консултирате со лекар и да ги пратите на нормалните нивоа. Ова ќе го намали ризикот од болести поврзани со срцето и циркулаторниот систем.3e3b021761b2699c313992763de1f143

Нивоата на холестерол не се исти доживотно
Старееме и нивото на холестерол се зголемува. Особено кај жените за време, на и по менопаузата се набљудува пораст во нивото на холестерол, што е нормално.
По природа мажите имаат тенденција да имаат повисок холестерол од жените, што ги прави и повеќе ранливи на кардиоваскуларни болести. Но, кај постарите жени, над 70-годишна возраст, нивоата на холестерол се повисоки од оние кај мажите на иста возраст. Научниците сметаат дека тоа се должи на недостаток на естроген кај постарите жени.
Затоа е важно нивоата на холестерол да се следат редовно и во секое време.

 Храната со ниска содржина на холестерол може да предизвика зголемување на нивоата на сопствениот холестерол
Една од најпознатите заблуди за холестеролот е дека тој може да се намали ако се јаде храна сиромашна на оваа материја. Ова е најчестиот погрешен мит за холестеролот кај пациентите.
Помеѓу заситените масти, млечните масти и транс мастите најлоши се последните, бидејќи кај трансмастите внесувањето калории е најниско, но количеството произведен холестерол како последица од нив е највисоко, пишува prevention.com.
7972e95a5cfdabd549dd456dbd721def
Затоа не треба да ги мразиме сите видови на масти и да ги ставаме под заеднички именител. Не сите масти се причинители на страдања, дури и заситените.

Пред да одлучите да ги исклучите мастите од менито, испитајте го холестеролот
Не е задолжително да имате висок холестерол, само затоа што јадете повеќе месо, млечни производи или други масти.
Организмот на секој човек е индивидуален и функционира поинаку. Затоа пред да одлучите да постите е добро да го проверите вашиот холестерол, за да се убедите дали има потреба од тоа или не.

Слични содржини