Што ни е потребно за среќен секс: Науката има свој одговор

од Nikola Popovski

Холивудските филмови, ефтините серии и разните списанија честопати ја замаглуваат нашата перцепција за секс, љубов и врски. За среќа, постои емпириска студија за ова прашање што ги одделува озборувањата и митовите од реалноста.

Психолозите од Универзитетот во Торонто го истражуваа сексуалниот живот на 1.900 учесници во студијата, со надеж дека ќе одговорат на вековното прашање – што го прави среќен сексуалниот живот?

Среќата не е во бројки – туку во трудот

Во основа, нивното истражување покажало дека сексуалното задоволство во долгите врски се фокусира на нашата желба да работиме на нашите сексуални проблеми и на нашите сексуални очекувања, како што ги нарекуваат научниците.

Оние кои имаа помалку крути и идеалистички погледи на „сродни души“ и други имплицитни теории за сексуалноста, беа посреќни со својот партнер во спалната соба, пишува „IFL Science“.

„Знаеме дека несогласувањата кога станува збор за сексот се неизбежни со текот на времето. Вашиот сексуален живот е како градина и треба да се напои и да се негува за да се одржи“, вели авторката на студијата Џесика Максвел, раководител на Одделот за психологија на Универзитетот во Торонто.

Нивното истражување открило дека сексуалниот живот на двојката често има период на „меден месец“ од околу две до три години. Ова е проследено со тенденција да се намали сексуалното задоволство. Истражувачите велат дека е важно да ја гледате вашата сексуална врска како нешто отворено за дискусија и промена.

Клучно е да се прифатат промените, а не да се критикува

Како што објаснува Максвел, ова е во целосна спротивност со романтизираните идеи за сродните души и „романтичните приказни за судбината“ кои ги претставуваат врските како статична и предодредена работа. Ова може да ги натера луѓето да почувствуваат дека врската едноставно треба да заврши ако работите не одат како што треба во сексот. Во реалноста, тоа е нешто на што може да се работи.

„Луѓето кои веруваат во сексуална судбина го користат својот сексуален живот како барометар за тоа колку е добра нивната врска и веруваат дека проблемите во спалната соба се еднакви на проблемите во врската како целина“, додава Максвел, објаснувајќи дека луѓето кои веруваат во промени не само веруваат дека можат да работат на своите сексуални проблеми, туку не им дозволуваат да влијаат врз задоволството од врската.

Според податоците собрани преку големо истражување на американскиот институт Кинси, ова е просечната фреквенција на секс во однос на возраста. Резултатите се толкуваат како „нормални“, иако помалите отстапувања не мора да значат нешто лошо или добро.

-Возраст од 18 до 29 години: Околу 112 пати годишно (приближно на секои 3,2 дена)
-На возраст помеѓу 30 и 39 години: Околу 86 пати годишно (приближно на секои 4,2 дена)
-На возраст помеѓу 40 и 49 години: Околу 69 пати годишно (приближно на секои 5,3 дена)

Проблемот никогаш не е само во сексот

Во многу бракови без секс, основниот проблем не е самиот секс, туку недостаток на емпатија и разбирање за брачниот другар кој го отфрла или никогаш не го започнува. Ако имал повеќе разбирање, тој некој би прифатил дека има проблем и ќе се обиде да најде решение за тоа. Игнорирање на сè, прави другата страна да се чувствува отфрлена, нема чувство на блискост и започнуваат незадоволство и фрустрација.

Начинот на кој се пристапува кон проблемот е од голема важност, вели психијатарот Рејчел Сусман. Вербален напад обично резултира со контранапад. Најлошото што може да се каже е „што не е во ред со тебе?“ или „каков маж / жена си?“.

Доколку се спомене проблемот на мирен начин, со чаша вино и најдобри намери да се реши, партнерите кои сепак се сакаат ќе имаат сочувство за другиот и сакаат да работат на проблемот. Ако не е така, во најголем дел врската не вреди да се спасува, посочува Сусман.

Слични содржини