Што никогаш не смеете да ставите на вашето лице?

од desk4

Интернетот е преплавен со домашни и природни маски и пилинзи кои гарантираат почисто лице и поблескава кожа. Но, дали смеете слепо да верувате во тоа?

Сте направиле ли некој од овие „гревови“?

Алкохол

Алкохолот дезинфицира рани, но не треба да се нанесува директно на акните на лицето. Запомнете, домашната ракија не е за на лице. Има производи наменети токму за тоа.

Шеќер

Маските со шеќер се одлични за борба против целулитот на нозете и бутовите, но не смеат да се најдат на лицето бидејќи се груби и може да предизвикаат сериозни оштетувања на површинскиот слој на кожата.

Лосион за тело

Самото име кажува, лосионот за тело е наменет за телото. Тој најчесто е повеќе парфимиран од кремите за лице, а тоа воопшто не е корисно за кожата.

Сода бикарбона

И оваа намирница лесно се наоѓа во домашните рецепти за маска и пилинг за лице, но едноставно – немојте.

Лак за коса

Сигурно сте го прочитале шминкерскиот трик за фиксирање шминка со лак за коса. Но, замислете само што се случува на косата и дали би сакале таква хемикалија да заврши во вашите пори? Сигурно дека не.

Слични содржини