Што очекува Путин од средбата со Бајден?

од Stefanija Kuzmanovska

Москва и Вашингтон се обидуваат да ја намалат негативната реторика, но не треба да се залажуваме по тоа прашање, рече претседателот на Русија, Владимир Путин, зборувајќи за очекувањата од средбата со американскиот колега, Џозеф Бајден.

„Во пресрет на самитот на највисоко ниво, двете страни секогаш се обидуваат да ја намалат негативната реторика со цел да создадат соодветна поволна атмосфера за работа. Нема ништо посебно во тоа, не треба да ве залажува ништо. Тоа е професионален пристап“, рече Путин во интервју за платформата„ Смотрим“.

„Од наша страна, ние исто така го правиме тоа“, додаде тој.

Путин ги изнесе и главните очекувања од средбата со американскиот претседател, „воспоставување директен дијалог и создавање механизам кој навистина функционира во бројни области во кои постои обостран интерес“.

Меѓу прашањата од заеднички интерес, рускиот лидер ја спомена стратешката стабилност, темата регионални конфликти, мерките за заштита на животната средина и грижата за животната средина воопшто, во глобална смисла, како и соработката во областа на економијата.

„Ако создадеме механизми за работа во сите овие области по овој состанок, мислам дека ќе биде добро. Може да се каже дека состанокот не бил залуден “, прецизира Путин, пренесе „Спутник“.

Според рускиот претседател, Русија и Соединетите држави можат ефикасно да работат и на економско поле.

Средбата меѓу Путин и Бајден ќе се одржи на 16 јуни во Женева. Кремљ истакна дека не очекуваат многу од преговорите поради постојните несогласувања меѓу Русија и Соединетите држави. Се претпоставува дека претседателите ќе разговараат за руско-американските односи, стратешката стабилност, како и борбата против Ковид 19 и решавањето на регионалните конфликти.

Слични содржини