Што правеше Трамп за време на летот за Флорида?

од Берта Китинска

Трамп излезе од претседателскиот авион „Ер форс еден“, кратко време откако неговиот потпретседател Мајк Пенс пристигна на церемонијата на Капитол Хил, каде ќе положи заклетва Бајден.

Претседателот на САД во заминување Доналд Трамп ги следеше подготовките за инаугурацијата на неговиот наследник Џо Бајден на пат кон Флорида, изјави за Си-Ен-Ен извор кој бил во авионот на Трамп. Трамп излезе од претседателскиот авион „Ер форс еден“, кратко време откако неговиот потпретседател Мајк Пенс пристигна на церемонијата на Капитол Хил, каде ќе положи заклетва Бајден. Претходно денес, Трамп и неговата сопруга Меланија ја напуштија Белата куќа и полетаа на Флорида. За време на кратката проштална церемонија во воената база Ендрус претходно денес, Трамп вети дека „секогаш ќе се бори“ и и посака многу среќа на новата администрација.

Слични содржини