Што преставува „Блек аут предизвикот“ на Тик Ток, кој одзеде неколку детски животи?

од Nikola Popovski

Десетгодишно момче, кое синоќа беше пронајдено мртво во стан во местото Раковица во Србија, и кое, како што се сомнева, учествувало во предизвикот на социјалната мрежа Тик-Ток, не е единствениот случај на задушување при учество во „играта“. Последното во низа се случи пред неколку дена, кога десетгодишна Италијанка се задуши во бањата, а според некои податоци, 82 деца се самоубиле додека ја играле оваа игра.

Десетгодишно момче, кое синоќа беше пронајдено мртво во стан во белградската општина Раковица, според некои информации, починало поради предизвик на социјалната мрежа Тикток. Пред неколку дена, овој вид предизвик и го одзеде животот на една десетгодишна Италијанка, која се задуши со учество во „Блек аут предизвикот“ на Тикток.

„Играта на задушување“ или „бесознание“ кружи на Интернет повеќе од една година и се состои од учесници намерно да го прекинуваат протокот на кислород, обидувајќи се да се задушат, се со цел да предизвикаат чувство што едно лице го доживува веднаш пред смрт, односно пред губење на свест.

Десетгодишна Италијанка која била пронајдена во бањата со појас околу вратот врзан за радијатор, итно била пренесена во болница, но не била спасена.

По повод трагичниот настан, психологот Калогеро Ло Пиколо изјави дека „сите сме учесници во реално шоу кое бара нови подвизи за да освоиме поени“.

„Сите учествуваме во исто време и сите сме подеднакво губитници“, тврди психологот Ло Пиколо.

Податоците од Американскиот центар за контрола и превенција на болести уште во 2008 година наведуваат дека на оваа „игра“ може да се припишат најмалку 82 смртни случаи.

Јавното обвинителство во Италија започна истрага за смртта на девојчето кое учествувало во таканаречената „игра со задушување“.

Неколку часа откако дозна за смртта на девојчето, што предизвика гнев низ Италија, Канцеларијата за заштита на податоците во Рим одлучи дека Тикток, ако не може со сигурност да ја потврди возраста на корисникот, мора да ја блокира најдоцна до 15 февруари.

Иако според правилата на Тикток, корисниците не можат да бидат помлади од 13 години, компанијата не спречи 10-годишно девојче да направи профил, изјавија италијанските власти.

Јавното обвинителство во Палермо започна истрага за поттикнување самоубиство. Италијанските власти изјавија дека платформата Тикток „нема доволно внимание за да ги заштити малолетниците“ и ја осудија леснотијата со која децата можат да аплицираат за апликацијата.

Тикток, платформа за споделување видео, многу популарна кај тинејџерите ширум светот, е во сопственост на кинеската компанија ByteDance. Во Европа има околу 100 милиони корисници.

„Безбедноста на заедницата на Тик ток е наш врвен приоритет. Ние сме подготвени во секој момент да соработуваме со властите во врска со истрагата за смртта на Антонела“, изјавија од Тикток.

Слични содржини