Актуелно
Почетна / Бизнис / Што работодавците „гуглаат“ за вас пред да ве вработат

Што работодавците „гуглаат“ за вас пред да ве вработат

Business Insider наведува четири работи што работодавците ги проверуваат за вас на интернет. Едно истражување покажало дека 80% од работодавците се информираат за потенцијални вработени пред самото интервју за работа, на интернет, особено на Google.

Според истражувањето наведено од Business Insider, работодавците не ве “гуглаат“ со намера да ги најдат вашите негативни страни. Претежно е обид подобро да се запознаат со кандидатот за полесна селекција.

Овие работи работодавците ги проверуваат за вас на интернет:

Фотографија

Работодавците сакаат да знаат како изгледа кандидатот за работа. Бидете сигурни дека имате професионална фотографија на вашите социјални медиуми за да можат работодавците да ве видат.

Онлајн портфолио

Втората работа што работодавците ќе ја бараат на интернет се вашите професионални достигнувања, активности, награди. Онлајн портфолио е одлична можност да ја објавите вашата биографија и да го покажете вашиот кредибилитет.

Ова ќе им даде на работодавците подобра претстава за вас и за вашите способности, и ќе можат да оценат што можете да направите за нивната компанија.

Присутност на социјалните мрежи

Работодавците, исто така, сакаат да знаат како се претставувате и каква е вашата улога во онлајн заедницата, како комуницирате со другите преку интернет.

Многу работодавци прво ќе бараат информации за вас на LinkedIn. Бидете сигурни дека вашиот профил на LinkedIn е колку што е можно детален, но користете и други социјални мрежи за тоа.

Кредибилитет

Работодавците не само што сакаат да знаат какви се вашите квалификации за позицијата што ја нудат, тие се заинтересирани и за тоа како вие се вклопувате во културата на нивната компанија.

Работодавците ве “гуглаат“ на интернет за да создадат слика за вашите особини.

Исто така, тие се заинтересирани дали можеби во одреден момент зборувавте негативно за вашиот поранешен работодавец или колеги, како и за содржината што ја споделувате на социјалните медиуми.

loading...