Што сакаше Меган да порача со својот стајлинг во интервјуто со Опра

од Stefanija Kuzmanovska

За интервјуто со Опра, Меган Маркл избра фустан поради кој повторно беше обвинета дека е склона кон прескапи модни комбинации, и се смета дека фустанот е прескап за да стане „тренд“. Меѓутоа, еден дел од јавноста смета дека таа сакала да испрати одредена порака со својот стајлинг.

Фустанот кој Меган го носеше во интервјуто за кој зборува целиот свет денес чини 4.700 долари.

Сепак, некои веруваат дека таа сакала да се појави во тој фустан за да испрати порака до целиот свет. Некои странски медиуми веруваат дека таа го избрала овој фустан поради цветовите на лотосот, кои се симбол на просперитет.

Лотосовиот цвет е симбол на чистота и преродба, па се претпоставува дека Меган сакала да подвлече ново поглавје во нејзиниот живот и животот на принцот Хари, додека тие го очекуваат второто дете.

Слични содржини