Што се изеде и се испи на инаугурацијата на Вучиќ? Најмногу лесковачка скара…

од desk3

Загрепскиот портал Јутарњи во својот текст  објавува дека на инаугурацијата на српскиот претседател Александар Вучиќ, присуствувале 6 000 гости и делегации од 21 земја и тоа како што наведуваат воглавно од регинот.

“За инаугуративната журка на Вујчиќ подготвено е дуру шест тони месо (најмноу за лесковачка скара), стотини килограми ужички кајмак, златиборско сирење, различни кобасици  и месни нарезоци, хектолитри вино и ракија, свиреа Драгачевските трубачи и неколку културно уметнички друштва, објавува Јутарњи.

Освен тоа, порталот истакнува дека е пропишан посебен дрес код во кој мажите мораа да бидат во црни или темни одела, никакви бели, сиви или шарени одела не беа дозволени, а стражата имаше стриктна наредба да сите оние кои нема да го почитуваат назначениот дрес код да се отстраната од просторот каде се одржа свеченоста.

Слични содржини