Што се случува денеска со Шупет, мачката на Карл Лагерфелд?

од Elena Daskalova

Кога Карл Лагерфелд почина во 2019 година, се слушнаа гласини дека неговата мачка Шупет ќе ја преземе ни помалку, ни повеќе, туку Ана Винтур.

Но, по кратко време стана јасно дека тоа е само шпекулација. Прашањето околу неговото наследство и понатаму е отворено, иако се зборуваше дека целото богатство ќе ѝ го остави токму на мачката.

Единствено е јасно дека постои паричен фонд со висок износ, наменет токму за издржување на Шупет. Секако, лојалните клиенти на брендот постојано се прашуваат каде е мачката, дали е добро и кој се грижи за неа.

Поради тоа, Каролин Лебар, која е менаџерка на комуникацискиот оддел на брендот, решила да излезе со соопштение за јавноста, во која објаснува што се случува со мачката.

„Шупет е тука, во Париз, со својата дадилка Франсис Коко, поранешна помошничка на Лагерфелд. Добра е и опкружена со љубов. Понекогаш доаѓа во Шанел и се фотографира за нејзиниот инстаграм-профил“, кажала Лебар.

 

Слични содржини