Што се случува кога естонски парламентарец работи од дома? (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Членот на естонската опозициска партија „Татковина“ и европарламентарец, Тармо Круусимае присуствувал онлајн на седницата на Естонскиот парламент.

Бидејќи Тармо работел од дома, тој реши да се опушти малку: се соблекол, си легнал, пуштил музика и запалил електронска цигара. Во еден момент, му дошол редот да се обрати до парламентот.

Сепак, поради некоја причина, парламентарецот не реагирал и сите негови колеги виделе што всушност прави.

„Тармо, постави прашање“, изјавил Мартин Хелме, потпретседателот на парламентот, но немало никаква реакција од пратеникот, кој продолжил да си ја пуши цигарата.

„Тармо, имаш можност да поставиш прашање“, апелирал уште еднаш Хелме, а потоа се откажал. „Изгледа дека нема. Да преминеме на други прашања“.

Запрашан подоцна што се случило, Круусимае рекол дека сето тоа спаѓа во предностите и недостатоците на работата од дома.

„Онлајн работата има и свој шарм и свои мани“, лежерно изјавил подоцна, велејќи дека ако знаел дека ќе оди во живо, ќе се облечел подобро.

Патем, Круусимае е честа мета на цинични коментари на неговите изјави дека го задржал панкерскиот стил на живот.

„Панкер со четири илјади евра плата месечно“, подбивно пишуваат тамошните критичари.

Слични содржини