Што се случува со телото кога не спиете доволно?

од Stefanija Kuzmanovska

Ако ви падне на памет да пропуштите неколку часа сон затоа што можете да направите многу подобри работи, време е да размислите повторно.

Спиењето му помага на телото да се опорави од тренинг, секојдневен стрес и го полни со енергија. Ако изгубите дури и еден час сон, по некое време ќе почнете да чувствувате негативен ефект врз вашето здравје.

„Кога не спиете доволно, страдаат вашите перформанси, ментална еластичност, флексибилност и здравјето воопшто“, вели советникот за спиење д-р Бен Смар.

Што точно ќе се случи со вашето тело зависи од тоа колку губите сон во текот на ноќта.

Пропуштен еден час сон
Ако легнете еден час подоцна од вообичаеното, ќе го залажете својот биолошки часовник на телото. Ако треба да се разбудите порано од вообичаеното, ќе изгубите малку од РЕМ фазата на спиење, што обично се случува на крајот на ноќта. РЕМ фазата е важна за да бидете емоционално отпорни, фокусирани и свежи наутро.

„Општо земено, губењето на еден час сон може да доведе до невеселост и веројатно ќе се чувствувате поспани во текот на денот и ќе зевате често“, изјави асистент професор од Институтот Нижни Новгород, Азизи Сешнс, за „Men’s Health“.

Тренерот Алекс Савој предупредува дека поради губење на еден час сон, може да почувствувате пад на имунитетот.

„Кога спиете, вашето тело произведува протеини наречени цитокини, кои служат како гориво за белите крвни зрнца. Недостатокот на сон го намалува производството на цитокини и ве прави подложни на бактерии и вируси“, објаснува Савој.

Пропуштени два часа сон
Може да доживеете повеќе промени во оваа фаза.

„Кога ќе изгубите два часа сон, може да почувствувате значителна дневна поспаност и благо треперење. Координацијата на очите и рацете е исклучена, а рефлексите можеби не се толку остри“, вели Сејш.

Исто така може да доживеете главоболка.

Пропушти три часа сон
Кога наместо седум до девет часа, спиете само четири до шест часа навечер, ќе се чувствувате исцрпено и нема да можете нормално да функционирате, предупредува Сејш.

„Подолгото лишување од сон може да ве изложи на поголем ризик од срцев удар. Ова се случува не само поради ризикот од покачен кортизол и крвен притисок, туку и поради вишокот тежина, стимулирана од стресот предизвикан од недостаток на сон. Кога луѓето не спијат доволно, тие копнеат по јаглехидрати“, вели д-р Алекс Димитриу.

Освен фактот дека во оваа фаза можете да бидете груби и затоа непожелни во друштвото, концентрацијата ќе ви се намали и нема да можете да се фокусирате ниту на едноставни задачи.

Пропуштени четири или повеќе часа сон
Ефектите врз вашето здравје и живот во оваа фаза стануваат многу силни. Мозокот немал шанса да се одмори, а вие сте склони кон нездраво јадење. Кога сте лишени од сон, нивото на хормонот грелин се зголемува, што предизвикува глад и жед. Савој вели дека може да почувствувате зголемена желба за слатка и пржена храна.

Ризикот од дијабетес се зголемува, вашата меморија не ви служи најдобро и во оваа фаза започнува да се создава тау протеин, кој е покачен кај луѓето кои страдаат од Алцхајмерова болест, посочува д-р Димитриу.

loading...

Слични содржини