Што се случува со вашето тело кога јадете ананас?

од Vladimir Zorba

Ананасот е слатко, меко овошје, омилена состојка во овошните салати, но и некои пици. Но, можеби не сте знаеле дека е полн со витамини и е многу здрав.

„Ананасот е одличен извор на витамин Ц и не е богат со калории. Затоа е одличен извор на витамини и минерали, но и влакна, што придонесува за ситост и контрола на телесната тежина“, вели нутриционистката Кери Ганс.

Ако го сакате ананасот, можеби ќе бидете изненадени како всушност влијае на вашето тело. Некои последици се многу позитивни, но во некои случаи има негативно влијание, еве како:

1. Корисен е за воспалителна болест на дебелото црево

Ензимот бромелаин, содржан во ананасот, игра важна улога во антиинфламаторните процеси. Во една студија, експертите откриле послаби показатели за воспаление кај луѓето кои јаделе ананас отколку кај оние кои не јаделе.

2. Може да предизвика чешање, осип и оток

Ова најчесто се случува кај луѓе кои се алергични на ананас, што пак може да биде со различен интензитет.

3. Го намалува воспалението

Благодарение на антиоксидансите и витаминот Ц, кои имаат анти-воспалителни својства, помага и ја намалува болката во зглобовите кај луѓето со остеоартритис, го подига имунитетот и го намалува ризикот од срцеви заболувања.

4. Може да предизвика повраќање и дијареа

Иако овие во никој случај не се вообичаени реакции, некои луѓе се чувствителни на бромелаин и можат да предизвикаат дијареа и повраќање. Истото може да се случи со прекумерна консумација на ананас, но причините не се познати.

5. Предизвикува чувствителност во устата

Повторно, благодарение на ензимот бромелаин, кој разложува некои протеини, предизвикува чувство на печење или чувствителност во устата. Иако ова чувство е доста вообичаено, доколку ви пречи, можете да го сварите ананасот пред консумирање и да го избегнете овој несакан ефект.

6. Го подобрува здравјето на коските

Ананасот е важен извор на манган кој игра важна улога во здравјето на коските.

7. Ја ублажува болката

Бромелаин содржи антиинфламаторни својства кои ја ублажуваат болката и отокот при изгореници, болки во зглобовите и други воспалителни процеси.

8. Го намалува крвниот притисок

Овој ензим дополнително го забавува затнувањето на крвните садови и го зголемува производството на црвени и бели крвни клетки, што секако придонесува за подобар проток на крв.

9. Може да предизвика крварење

Бромелаин, исто така, „работи“ против згрутчувањето на крвта и ја разредува. Ова кај некои луѓе може да предизвика прекумерно крварење, пишува EatThis.

Слични содржини