Што се случува во нашето тело ако јадеме салата секој ден?

од Nikola Popovski

Салатата се смета за суперхрана и често се препорачува за успешно и брзо слабеење, пишува „Eat This“.

Без оглед на тоа дали се обидувате да го зголемите внесот на зеленчук, да изгубите неколку килограми или едноставно сте расположени за заситен оброк кој ќе ви ја намали желбата за нездрава храна, не можете да погрешите со салата. Што се случува со вашето тело кога јадете салата секој ден? Еве го одговорот од нутриционистката Џина Китли.

Ќе внесете многу витамини

Сè додека вклучувате широк спектар на состојки (разни видови зеленчук, овошје, мешунки, јаткасти плодови и семки, извори на протеини) и ги менувате редовно, салатата може да биде хранлива ризница која ќе ви обезбеди многу витамини и минерали.

Истражувањата покажаа дека маслиновото масло, кое често се користи во преливи за салати, може да му помогне на вашето тело подобро да ги апсорбира микронутриентите растворливи во мастите кои се наоѓаат во овошјето и зеленчукот. Овие хранливи материи вклучуваат: бета каротен, ликопен, лутеин, витамин Е, витамин К и витамин А.

Може да изгубите тежина

Една од причините зошто салатите се сметаат за здрав избор кога сакате да ја одржите вашата тежина или да изгубите тежина е тоа што тие обично се полни со растителни влакна, кои се сметаат за корисни за губење на тежината.

Според истражувањето, чии резултати беа објавени во „The Journal of Nutrition“, исхраната богата со влакна им помогна на возрасните со прекумерна тежина.

Ќе го задржи подмладен вашиот мозок

Јадењето салата секој ден е одличен начин да се осигурате дека вашиот мозок ќе остане во топ форма. Студија од 2018 година покажа дека постарите луѓе кои јаделе само една порција салата на ден имаат мозок кој функционира како да се 11 години помлади од нивната реална возраст.

Дури и половина просечна порција салата беше доволна за да се забави стапката на когнитивно опаѓање, а зелениот лиснат зеленчук како спанаќот или блитвата покажаа најдобри резултати.

Може да се чувствувате подуени или да имате грчеви

Ако често додавате големи количини зеленчук како кељ или брокула во вашата салата, може да се чувствувате надуени, запек и грчеви, предупредува нутриционистот. Имено, овие намирници, доколку се претера, може да доведат до отежнато варење и пропратни нарушувања.

За среќа, постои едноставно решение. Јадете помалку салата, барем додека вашето тело не се прилагоди на редовното внесување на гореспоменатите намирници.

Значи, ако јадете нова храна која има повеќе влакна отколку што вашето тело е навикнато, можеби ќе сакате да ги правите промените полека. Ова значи дека можеби ќе треба да започнете со неколку порции салата неделно наместо да јадете по една порција секој ден.

Ќе имате поредовно варење и помал ризик од рак на дебелото црево

Китли вели дека нерастворливите влакна во салатите привлекуваат вода додека се движи низ дигестивниот тракт, што многу помага. Ова значи дека откако ќе му дадете време на вашето тело да се прилагоди на овој внес на влакна, вашата дневна навика за салата може да помогне да се спречи запек.

Нерастворливите влакна не помагаат само за нормализирање на функцијата на цревата. Според клиниката Мајо, исхраната богата со влакна го намалува ризикот од рак на дебелото црево. Утврдено е дека влакната имаат заштитен ефект кога се ферментираат во нив.

Слични содржини