Што секој хороскопски знак кажува, кога ќе чуе „те сакам“?

од Vladimir Zorba

Секој знак од Зодијакот различно реагира на изјавата за љубов – некои се збунети, други имаат подготвен одговор, а има и такви кои сакаат веднаш да побегнат …

Што сепак секој хороскопски знак кажува, кога ќе чуе „те сакам“?

Овен – „И јас те сакам“

Овните се заљубуваат брзо и искрено, но нема секогаш да бидат подготвени први да искажат љубов, иако по природа се екстровертни. Меѓутоа, ако навистина се чувствуваат така, сигурно ќе возвратат со истите зборови.

Бик – „Навистина ?!“

Биковите се познати по тоа што ја ставаат логиката на прво место и се многу внимателни, особено кога станува збор за љубовта. За да реагираат позитивно на изјавата за љубов, тие мора да бидат целосно сигурни во своите чувства.

Близнаци – „Нешто ми излезе, морам да одам ..:“

Колку и да сакаат да зборуваат генерално, Близнаците не сакаат да зборуваат за своите емоции. Ако Близнаците се обидат да ја сменат темата откако ќе им изјавите љубов, не грижете се, тоа е сосема нормално.

Рак – „Дали си сериозен/на?“

Со оглед на тоа што се најчувствителниот знак во Зодијакот, Раковите секогаш внимаваат на емоциите, бидејќи многу лесно можат да бидат повредени. Тој нема да ви возврати на овие зборови додека не се увери дека сте сериозни во врска со тоа.

Лав – „Секако дека ме сакаш!“

А што друго би можеле да очекувате од хороскопски знак со најголема самодоверба? Бидете среќни ако не ви одговори со „и јас се сакам себеси“.

Девица – „Благодарам“ (шепот)

Девиците не се премногу зборливи, а тоа се прелева во нивниот однос кон емоциите. Но, бидете сигурни дека тие ќе ги ценат овие зборови и ќе ви возвратат кога ќе бидат подготвени

Вага – „Веднаш ќе се вратам“

Познати по тоа што не сакаат да бидат врзани, Вагите многу лесно ќе се исплашат од изјава за љубов, па можеби дури и ќе сакаат да побегнат кога ќе ги слушнат тие познати зборови.

Шкорпија – „Мислам дека и јас те сакам тебе“

Кога Шкорпијата ќе се заљуби, секогаш е интензивно и страсно, но често им треба малку повеќе време да ги потврдат тие чувства и да одговорат со зборови, па може да звучат несигурно.

Стрелец – „Ајде да се венчаме!“

Стрелците се буквално зависни од љубов, па немојте да се чудите ако реагираат малку премногу. Не грижете се, тој/таа нема (нужно) веднаш да направи свадба, но ќе бидат воодушевени.

Јарец – „Го знаев тоа!“

Интуитивните Јарци често се како вистински детективи и ништо не поминува незабележано од нив. Тивкиот, самоуверен Јарец веројатно знае како се чувствувате за него пред да го кажете тоа.

Водолија – „Извини?“

Водолијата ќе се обиде да ги интелектуализира работите, бидејќи тоа ќе и даде време да ги обработи информациите што штотуку ги добила и да ги земе предвид своите чувства. Можеби и треба време да сфати што штотуку слушнала.

Риби – „Не слушнав добро“

Рибите не знаат како да реагираат кога ќе ги фатите неподготвени, но не брзајте со нив. Ним им треба време да проценат дали сте искрени, по што најверојатно ќе ви се фрлат во прегратка.

Слични содржини