Што содржи текстот на Декларацијата за исчезнати лица, усвоена во Брисел?

од Stefanija Kuzmanovska

Во Декларацијата за исчезнати лица, која беше усвоена на средбата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и премиерот на Косово, Албин Курти, во Брисел се наведува дека двете страни се обврзале тесно да соработуваат на идентификација на погребните места и следење на ископувањата, со цел да се обезбеди целосна имплементација на соодветните обврски во областа на исчезнатите лица, како и да се обезбеди целосен пристап до веродостојни и точни информации.

Во текстот на документот објавен на веб-страницата на Европската служба за надворешни работи (EEAS) се наведува дека страните ќе обезбедат целосен пристап до веродостојни и точни информации кои помагаат да се лоцираат и идентификуваат преостанатите исчезнати лица во периодот од 1 јануари 1998 година до 31 декември 2000 година.

„Ова ги вклучува сите материјали, белешки, наредби, документи, видеа, аудио снимки и сите други документи, вклучително и оние со доверлив статус, што ги поседуваат институциите на двете страни, релевантни за овој контекст“, се наведува во Декларацијата.

Слични содржини