Што стои позади „Не можам да дишам“: Расни немири или рушење на Трамп?

од Nikola Popovski

Американскиот претседател Доналд Трамп сака да ја врати контролата над градовите каде има жестоки протести за убиството на црнците, но и грабежи, насилство, напади врз полицајци и трговци. Сето ова мора да се сфати и како дел од предизборната кампања.

„Џозеф Бајден можеби нема да може да го порази Трамп на изборите во ноември, но корона-кризата би можела да го чини неговиот втор претседателски мандат“, изјавил долгогодишен американски дипломат, кој бил во администрацијата на Бил Клинтон, кога го прашале како Бајден ја добил мнозинската поддршка во Демократската партија за изборите во ноември.

Епидемијата на коронавирусот навистина ги затресе Трамп и неговата администрација, а тој и неговите најблиски соработници се обидуваат да префрлат се на вина на Кина, обвинувајќи ја за намерна небрежност и несоодветна реакција кога вирусот штотуку започнал да „расте“. Америка започнала да губи на глобално ниво, а многу аналитичари веруваат дека САД, иако се уште се моќни, повеќе не се сила број еден во светот. Затресени економски, но и медицински зависни од Кина (повеќе од 80% од лекови се произведуваат во Кина), САД се обидуваат да се рестартираат, но многумина се сомневаат дека Трамп има моќ да го стори тоа.

Со сите „домашни играчи“ кои жестоко го попречуваат!

Ова е токму она што треба да се прочита за она што во моментов се случува во САД. Расните немири, кои започнаа откако полицијата во Минесота го уби Афроамериканецот Флојд, се претворија во грабежи и немири во многу градови, па Трамп најпрво ја испрати Националната гарда, а сега има намера да распореди воени трупи.

Афроамериканците се лути не само поради новиот случај на расно мотивирано убиство, туку и затоа што, како што тврдат, немале соодветна здравствена заштита за време на коронавирусот, дека повеќето од мртвите биле со афроамериканско потекло и дека биле меѓу оние кои ги загубиле работните места, заради оваа здравствено-економска криза.

Добро познати и влијателни луѓе, како добро платените американски кошаркари, како што е Леброн Џејмс, веднаш по убиството на Флојд, објави коментар: „Црнците нè ги сакаат, дали сега ви е јасно?“

Ова не е првпат некој американски претседател да се повика на таканаречениот „The Insurrection Act“(Закон за побуни), што му дава можност да ја користи армијата за внатрешни потреби. Нешто слично се случи, на пример, во 1992 година, по масовните демонстрации и немирите во Лос Анџелес кога полицијата го уби Афроамериканецот Родни Кинг, а потоа судската порота ги ослободила сите четворица полицајци осомничени за убиството. На крајот и војската интервенирала за да се потисне огромното насилство на улиците во Лос Анџелес.

Слични содржини