Што треба да знаете за патувањата во време на коронавирусот?

од Elena Daskalova

Ако веќе имате букирано патување, дури и во земја која не е погодена од коронавирусот, добро е претходно да знаете неколку важни работи.

Имајте предвид дека овој вирус се шири брзо и дека ако денес го нема во некоја држава, тоа не значи дека ситуацијата ќе биде иста и утре. Затоа, ако патувањето е неодложно, извадете си патничко осигурување, за во случај да треба да побарате некаква лекарска помош.

Во екот на епидемијата, бројот на издадени патнички осигурувања на глобално ниво пораснал дури за 277 отсто. Најпогодени држави, после Кина, се Италија, Јапонија, Америка, Германија, Франција, Тајланд, Шпанија и Канада.

За државите како Кина, Италија и Јужна Кореја големи се шансите осигурителната компанија да не ви издаде осигурување.

Следете ја ситуацијата, а најдобро е доколку можете да го одложите патувањето, барем додека ситуацијата со ширењето на вирусот да се стабилизира и вие да бидете безбедни да патувате. Имајте предвид дека не се знае какви размери ќе земе ширењето на вирусот, кој е потенцијално опасен за сите кои веќе имаат некаков хроничен здравствен проблем.

Слични содржини