Што значи ако сте родени на премин помеѓу 2 хороскопски знаци?

од Vladimir Zorba

Ако припаѓате на оние кои се родени при преминот од еден хороскопски знак во друг, веројатно честопати се прашувате на кој знак всушност му припаѓате.

Тие пет дена претставуваат еден вид граница. Луѓето родени на премин на знаци многу често имаат впечаток дека знакот на Зодијакот на кој припаѓаат воопшто не ги опишува.

Прочитајте што сте во хороскоп ако сте родени помеѓу две астролошки кралства.

Риби – Овен (19 март – 25 март)

Ако роденденот е на страната на Рибите, веројатно ќе забележите дека сте похрабри од другите припадници на овој знак.

Меѓутоа, ако роденденот е на страната на Овенот, ќе бидете почувствителни и помалку сигурни во себе од другите Овни.

Овен – Бик (18 април – 22 април)

Луѓето родени во овој период сакаат да имаат контрола. Тие не можат да замислат работите да им излегуваат од контрола во нивните животи.

Тие внимателно се соочуваат со проблеми и ги решаваат постепено. Кога би можеле да ги слушаат другите, тие би биле извонредни водачи.

Бик – Близнаци (18.05 – 22.05)

Интелигентните способности на овие два карактери се навистина над секој просек.

Луѓето родени во овој период можат да бидат големи научници, но исто така треба да ја слушаат нивната интуиција.

Близнаци – Рак (17 јуни – 23 јуни)

Луѓето родени во овој период се талентирани и ја сакаат уметноста. Тие ќе имаат проблем да ги одделат чувствата од фактите затоа што се чувствителни и се многу интуитивни.

За нив безбедноста, љубовта и нежноста се најважни.

Рак – Лав (19 јули – 24 јули)

Овие луѓе имаат уникатен шарм и знаат како да ги импресионираат луѓето околу нив, но тие се, всушност, исклучително чувствителни.

За жал, како што стареат, чувствителноста може да ги спречи при откривање на интереси. Бидејќи не сакаат да прават грешки, тие сами го спречуваат својот развој.

Лав – Девица (19.08 – 23.08)

Доколку роденденот е поблиску до Лав, вие сте голем перфекционист. Не сте несигурни, туку многу прецизни.

Меѓутоа, ако сте родени поблиску до Девицата, вашиот перфекционизам е збогатен со темпераментот на Лав и веројатно не сте толку сериозни.

Девица – Вага (19.09 – 25.09.)

Родени во овој период се волшебни, интелигентни и убави суштества.

Девиците, како перфекционисти, сакаат да бидат опкружени со убавина и сакаат да сонуваат, но во комбинација со Вага, често им е тешко да најдат емоционална рамнотежа.

Вага – Шкорпија (21 октомври – 24 октомври)

Овие луѓе се вредни и амбициозни. Речиси секогаш го наоѓаат патот до своите цели. Тие имаат голем потенцијал, а тоа може да се спречи само поради преголема концентрација на една работа.

Ако најдат рамнотежа помеѓу љубовта и приврзаноста, тие можат да бидат многу креативни.

Шкорпија – Стрелец (20 ноември – 23 ноември)

Нивната уникатна сила ги прави способни за каква било задача, дури и за она што се чини невозможно.

Тие се практични, но исто така и емотивни, можат да постигнат цели ако одржат рамнотежа помеѓу она што го сакаат и она што им треба.

Стрелец – Јарец (19 декември – 25 декември)

Луѓето родени во овој период се исклучително свесни за својата околина и се вистински визионери.

Тие го гледаат она што другите не го виделе и имаат храброст да ги следат своите соништа. Никогаш не се предаваат.

Јарец – Водолија (18 јануари – 21 јануари)

Силен, смел, уникатен и ексцентричен. Ова се карактеристиките што најдобро ги опишуваат луѓето родени при преминот помеѓу овие знаци. Паметни се, но и решителни.

Тие знаат како да ги мотивираат другите и нема пораз за нив, тие имаат желба да бидат најдобри во секоја ситуација. Понекогаш се тврдоглави, но многу лојални.

Водолија – Риби (17 февруари – 20 февруари)

Вистински сонувачи, многу шармантни и привлечни. Тие се водат низ животот со интуиција и сакаат да сонуваат.

За нив клучот е да ги искажат своите соништа и желби, но и да ги спроведат на конструктивен начин.

Слични содржини