Штрајк во Финска приземји авиони: Откажани 100 летови

од Vladimir Zorba

Финската национална авиокомпанија „Finnair“ објави дека денеска и утре откажува околу 100 летови од аеродромот во Хелсинки поради штрајк на кабинскиот екипаж.

Финскиот синдикат на транспортните работници АКТ најави штрајк на кабинскиот персонал кој започна денеска во 15 часот и ќе заврши утре во исто време, објави финскиот портал Yle.

Откажувањето на летовите и пренасочувањето на клиентите започна вчера, а работата продолжува и денеска, се вели во соопштението на „Finnair“ во кое се додава дека прават се што можат на клиентите да им понудат нова рута до нивната дестинација.

Патниците можат да го проверат статусот на нивниот лет на веб-страницата на Finnair, велат од компанијата.

Маријане Артева од Финската асоцијација за кабински екипаж (SLSI) за порталот Yle изјави дека неколку стотици кабински екипаж штрајкуваат.

Здружението соопшти дека штрајкот е одговор на кадровската политика на Finnair, како што се плановите за ангажирање на персонал под договор за летови на линиите кон Тајланд и САД во обид да се заштедат трошоци, што може да доведе до отпуштање на 450 работници од компанијата.

„Тажно е што наместо преговори, синдикатот го избра патот на нелегален штрајк. Во текот на есента разговаравме со синдикатите за можностите за штедење, но за жал не успеавме да постигнеме резултат со кабинскиот екипаж. Се надеваме дека заедно ќе најдеме решенија“, рече Јако Шилд, оперативен директор на Finnair.

Слични содржини