Шумахер разбира што се случува околу него, според вработен во болницата во Париз

од Vladimir Zorba

Михаел Шумахер разбира што се случува околу него, според вработениот во болницата „Жорж Помпиду“, каде што пристигна седумкратниот светски шампион во Формула 1, претходно оваа недела.

Анонимен извор од париската болница е цитиран од угледниот француски весник „Паризиен“, каде беа прво соопштени информации за влегувањето на Шумахер во болницата.

Легендарниот пилот е во хируршкото одделение на познатиот хирург д-р Филип Меначе, каде ќе помине на терапија со матични клетки. Таквиот третман е сè уште експериментален и не е дозволен во целиот свет.

Шумахер сериозно беше повреден во декември 2013 година, кога удри со главата во карпа при скијачки инцидент во француските Алпи. Оттогаш, информациите за неговата состојба се екстремно оскудни на барање на неговото семејство.

Слични содржини