Шутаров: Арсовска ќе потроши 670.000 евра за партиски вработувања

од Nikola Popovski

Додека градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска се жали дека Градот нема пари и се заканува со радикализација, таа годинава ќе потроши 670.000 евра за нови вработувања во Градот Скопје. Тоа е неодговорно, несовесно и нечесно однесување кон Скопјани, особено во време на глобална економска и енергетска криза, обвини советникот во град Скопје, Гордан Шутаров.

Тој додава дека 670.000 евра се сериозна сума на средства и дека овие пари можат да се искористат за Фондот за семејства во социјален ризик, кој минатата година изнесуваше околу 50.000 евра а годинава се сведе на нула денари.

-Парите наместо за вработувања на партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ можат да се искористат за решавање на сообраќајниот хаос кај Мавровка преку денивелација на крстосницата, проект кој Арсовска го наведе како приоритетен.

Понатаму, парите можат да се искористат за продолжување на бесплатниот оброк за лицата во социјален ризик, но и за субвенционирање на бесплатен превоз за средношколците од приватните средни училишта бидејки тоа им го вети предизборно.

Со овие пари може да им се помогне на приватните превозници за набавка на еко автобуси или за субвенции за такси возачите за набавка на електромобили, наброи Шутаров.

Според советникот, ваквиот однос, неработењето незаинтересираноста за проблемите и тешката криза во која се наоѓаме, ја прави Арсовска најнеуспешен градоначалник на Скопје кој работи против интересите на градот и неговите жители.

Слични содржини