Шутаров: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги оставија скопјани без јавен превоз, а вработените во ЈСП без плати

од Берта Китинска

Кулминираше неспособноста на градската власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Данела Арсовска.За првпат во историјата главниот град на државата е оставен без јавен превоз.Жителите на Скопје, учениците, студентите, работниците, пензионерите се оставени без основната потреба, без превоз од Јавното сообраќајно претпријатие, вели Гордан Шутаров, советник на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

Истовремено, возачите и вработените во ЈСП се оставени во една катастрофална состојба, без пари, без плати и тоа во време на економска криза.

Катастрофата, хаосот што се случува во град Скопје е резултат единствено на неспособноста на кадрите, на медарите од ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка.

Иако од буџетот на Град Скопје оваа година за ЈСП се наменети 8,6 милиони евра, долгот на ЈСП е драстично зголемен. Направен е долг од 1 милион евра за една година.

-Тоа се причините зошто возачите, вработените во ЈСП немаат земено плати, тоа се причините зошто во Скопје нема јавен градски превоз.Зафатени со тендери и провизии, од ВМРО-ДПМНЕ заборавија на граѓаните и вработените во јавните претпријатија.Пред една година Мицкоски и Арсовска заедно на скопјани им ветуваа бесплатен јавен превоз, а сега јавниот превоз воопшто го нема, ЈСП е во колапс.СДСМ и советничката група се на страната на граѓаните, на страната на возачите и работниците во ЈСП.Ќе ја поддржиме одлуката за пренамена на пари на ЈСП за да им е исплатат платите, за скопјани повторно да добијат јавен превоз.Но истовремено, ќе бараме и отчет и одговорност. Јавноста треба да знае зошто се направени долговите и дали во изминатава година е потпишан анекс договор, без никаква спроведена постапка на договорот за снабдување со нафтени деривати со кој секој литар гориво е поскап за 5,6 денари?Актуелната градска власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ е една од поголемите непогоди што го зафатија Скопје, вели Шутаров.

Слични содржини