Швајцарија воведува ограничувања за сопствениците на електрични автомобили?

од Vladimir Zorba

Зголемувањето на уделот на електричните автомобили на пазарот на нови возила го запре трендот на нови поволности за сопствениците на електрични возила, барем кога станува збор за државните поволности како субвенции, бесплатен паркинг и попусти на патарините. Некои земји дури укинаа некои од постојните поволности, а некои како Швајцарија планираат уште подрастични мерки.

Швајцарија размислува да воведе ограничувања за приватните сопственици на електрични автомобили, не за да генерираат дополнителни приходи во државната каса, туку за да заштедат. Како и да е, истото им се пишува и на сопствениците, а тие сигурно нема да се тешат со оправдувањето дека сè поверојатно е недостиг на струја, пишува „Index“.

Имено, со доаѓањето на зимските месеци цела Европа се соочува со енергетска криза. Швајцарија не е исклучок, па се подготвува да воведе активни мерки во форма на разни ограничувања. Покрај затемнување или исклучување на осветлувањето порано, ќе се бара и заштеда во греењето. А со цел да се обезбеди енергетска безбедност, тие се подготвени да воведат забрани за возење електрични автомобили во случај на криза.

Според германски Шпигел, во нацртот на новиот закон се наведува дека „приватното користење на електрични автомобили е дозволено само за апсолутно неопходни патувања (професионална пракса, шопинг, посети на лекар, присуство на верски настани)“.

Практично, тоа значи дека сопствениците на електрични автомобили ќе можат да возат само во најпотребните ситуации. Значи, во аптека, но не во кино или книжарница. Ова ограничување би се вовело само во третото ниво на ескалација на кризата, а претходно би се штедело во јавните институции и во домаќинствата.

Значи, доколку недостигот на струја опстојува и по воведувањето на затемнување и отстранување на греењето во жичарниците, дури тогаш ќе се забрани возењето на електрични автомобили.

Истиот предлог предвидува воведување на помали ограничувања на брзината на автопатите, се со цел да се постигне заштеда во потрошувачката на енергија, без разлика дали станува збор за електрична енергија или за фосилни горива.

Швајцарија најголемиот дел од електричната енергија ја добива од хидроцентралите, но зависи и од увозот од Германија и Франција. Затоа, доколку има недостиг во тие земји, истите проблеми ќе ја снајдат и Швајцарија.

Германија веќе воведе одредени ограничувања, па затоа е забрането да се загреваат приватните базени со гас или струја. Исто така, греењето на канцелариите е ограничено на 19 степени.

Слични содржини