Швајцарија го отвора пазарот на труд за сите со бугарски пасоши

од desk3

Швајцарија ќе ги отстрани од 1 јуни оваа година сите ограничувања на пазарот на труд за романските и бугарските граѓани.

Тоа го соопшти Медиафакс, цитирана од агенциите. И прецизира дека мерки за ограничување на имиграцијата може да бидат наметнати само при прилив на имигранти од двете страни.

download

Декретот, одобрен денеска од Владата на Швајцарија, предвидува слободен пристап до пазарот на трудот за романски и бугарски граѓани од 1 јуни 2016 година Швајцарија ги продолжи во 2014 година владините мерки за граѓаните од двете земји, кои истекуваат на 31 мај 2016 година

“Во случај имиграцијата од Бугарија и Романија го надмине со 10 проценти просекот за последните три години, на 1 јуни 2017 година или најдоцна на 1 јуни 2018 година, Советот на федерацијата ќе може да воведе нови ограничувања на внатрешниот пазар на трудот валидни до 31 мај 2019 година “, прецизира владата во Берн, пренесе Стандард њуз.

Во моментот бројот на романските и бугарските имигранти во Швајцарија е прилично мал, прецизира Медиафакс.

Слични содржини