Швајцарија годинава издаде визи на повеќе од 9.000 руски државјани

од Nikola Popovski

Повеќе од 9.000 руски граѓани добија туристички визи за Швајцарија оваа година, јавува Анадолија.

По војната во Украина, многу европски земји го откажаа договорот за визите, а руските граѓани ги насочија своите патни рути кон Швајцарија, објави швајцарскиот весник NZZ.

Се наведува дека од почетокот на годината швајцарските власти одобриле барања за визи за повеќе од 9.000 руски државјани, при што туристите главно престојуваат во земјата повеќе од три дена.

Има и руски државјани кои добиваат визи од други земји и влегуваат во Швајцарија по копнен пат, а на крајот на јули хотелите низ земјата направиле 61.214 резервации за руски туристи.

Додека многу европски земји ги откажаа визните договори со Русија поради нападот врз Украина, непреземањето чекори на Швајцарија во овој поглед предизвика реакции, јавува Анадолија.

По реакциите, владата на 16 септември објави дека еднострано го раскинала договорот со кој се овозможува визно олеснување за Русија.

Слични содржини