Швајцарија ја прошири забраната за трансакции на филијалата на руската Сбербанк

од Vladimir Zorba

Швајцарската агенција за надзор на финансискиот пазар ФИНМА денеска ја продолжи забраната за швајцарската филијала на руската Сбербанк да врши плаќања и трансакции до август, а ги продолжи и другите мерки наменети за заштита на доверителите.

„Мерките ќе останат во сила до 2 август 2022 година, поради построгите меѓународни санкции и континуираните ризици во однос на состојбата со ликвидноста на банката“, објави ФИНМА, пренесe Ројтерс.

ФИНМА воведе мерки во швајцарската филијала на Сбербанк на 4 март по рускиот напад врз Украина, што доведе до воведување на бројни западни санкции против Москва.

Слични содржини