Швајцарија не дозволува извоз на свое оружје во Украина

од Nikola Popovski

Швајцарија отфрли две барања од Германија за извоз на швајцарска муниција во Украина, наведувајќи ја нејзината неутралност во конфликтот меѓу Русија и Украина.

Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија потврди дека на двете прашања од Германија, дали муницијата добиена од Швајцарија може да се испрати во Украина, „биле негативно одговорено со забелешка за швајцарската неутралност“.

На Германија и е потребна согласност од Швајцарија за испорака на оружје, што е пропишано со договорот за продажба.

Швајцарија одби да коментира каков тип муниција Германија сака да испрати во Украина.

Слични содржини